18.06.2025

Селекторот Горан Андреевски на првиот тренинг дочека најголем број од кандидатите за настап на Европското првенство во Белград

Почеток на подготовките на јуниорскиот национален тим (ФОТО)

Машката јуниорски репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за она што следува во текот на ова лето, настап на Европското првенството од Дивизијата„ А“ кое од 26. јули до 3. август ќе се одржи во Белград.

Селекторот Горан Андреевски и неговите асистенти Митко Маринковски, Едо Имер, и Оливер Тасков, на првиот тренинг, одржан во големата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ги имаа на располагање скоро сите расположиви сили на кои сметаат за време на подготовките и настап на Европското првенство во соседна Србија.

Отсуствуваше Борјан Китановски, не тренираше Ѓорѓи Цветковски, додека на болки во пределот на половината за време на тренингот почувствува Жарко Терзиевски.

Согласно со планираните активности, оваа наша национална селекција ќе го одработи најголемиот дел од периодот на подготовките во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Своите први контролни натпревари нашиот машки тим „Под 18“ години, ќе ги има на 12. односно на 13 јули, во Ботевград. Нашите јуниори ќе ги одмерат силите со селекциите на Швајцарија, односно домаќинот, Бугарија.

Веќе наредната недела, селекцијата која ја предводена селекторот Горан Андреевски ќе патува за Црна Гора, каде на 17. и 18.јули ќе ќе игра против јуниорски тим на домаќинот.