22.06.2023

Ова лето нашите најдобри кадети ќе учествуваат на Европското првенство кое ќе се одржи во Скопје

Почеток на подготовките на машката селекција „Под 16“ години

Со првиот собир во салата на СРЦ „Кале“ вечерва и официјално беше означен стартот на подготовките на нашата машка селекција „Под 16“ години, која ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „А“, кое ќе се игра во нашиот главен град во периодот од 5. до 13. август. 

Согласно со планираните активности, како приоритет се означени задолжителните лекарски прегледи кои ќе бидат реализирани во клиниката „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Селекторот Александар Јованчев и неговите асистенти, Милош Нинковиќ и Тино Даневски, одредија список од 23. кошаркари на кои ќе сметаат во подготвителниот период, кој во најголем дел и ќе биде реализиран во Скопје.

Во Скопје ќе ја имаат и главната обврска во текот на летото, настап на Европското првенство од Дивизијата „А“. На собирот на најдобрите кадети во нашиот главен град, кадетите се дел од групата групата „Б“ во друштво на своите врсници од Белгија, Литванија и Франција.