Машката У20 селекција на Македонија ги започна подготовките за Европското првенство од „Б“ Дивизијата кое од 15. до 24. јули ќе се одржи во Тбилиси (Грузија).
Претходно, кандидатите за репрезентацијата ги поминаа сите неопходни тестирања, а овој викенд го одработија и првиот тренинг.
Според планот на подготовките, во СРЦ „Кале“ и во Скопје ќе се работи до 16 јуни, кога следува селидба во Маврово, каде на т.н. „висински подготовки“ ќе се работи една седмица.
По враќањето во Скопје нашата младинска селекција ќе ги одигра и првите пријателски натпревари.
На Европското првенство во Тбилиси, нашата селекција „Под 20“ години е во групата „Б“, заедно со националните тимови на Шведска, Косово, Австрија и домаќинот – Грузија.
ПОШИРОК СОСТАВ НА СЕЛЕКЦИЈАТА „ПОД 20“ ГОДИНИ
Лука Савичевиќ - Eastern Michigan
Марко Миловановиќ - Juvi Cremona
Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
Андреј Митревски – Феникс 2010
Павел Данаиловски - Работнички
Амар Хот – Феникс 2010
Гоце Петрушевски - San Severo
Марин Петков – Феникс 2010
Никола Младеновски - GC Zurich
Мухамед Тачи – Чаир 2030
Тодор Златев - Еуро Никел 2005
Филип Наков - Водно Санс
Кристијан Столески – ГКК Охрид
Димитар Иванов – МЗТ Скопје Аеродром
Никола Василевски – МЗТ Скопје Аеродром
Хусеин Бајрам - Вардар
Резарт Мемед - Aurora Basket Jesi
Матеј Перица - Poissy Basket
СТРУЧЕН ШТАБ
Никола Василев – селектор
Сашо Тодоровски – асистент
Нино Чачиќ – асистент
Тино Даневски - асистент