19.11.2020

Од утревечер (18.часот), тренинзите ќе се одвиваат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

Почеток на подготовките на нашиот сениорски национален тим

Машката сениорска репрезентација на Македонија од 20. ноември (петок) го стартува мини-подготовките за ноемврискиот ФИБА „прозорец“, и натпреварите на турнирот во Талин (Естонија).

Првиот собир, селекторот Александар Тодоров го закажа од 18. часот, во малата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде ќе се тренира се до предвиденото заминување за Естонија.

Комплетниот список на кандидати кои ќе бидат вклучени во работата со сениорската репрезентација во овој циклус од квалификациигте за Европското првенство во 2022 година, ќе биде официјализиран откако ќе бидат извршени оние задолжителни тестирања, и познати резултатите од тестирањето.

Во Скопје ќе бидат одработени вкупно четири тренинзи, а на 23. ноември, во раните утрински часови е планирано тргнувањето за Талин.