Машката сениорска репрезентација на Македонија од 10. февруари (среда) ги стартува мини-подготовките за февруарскиот ФИБА „прозорец“, и натпреварите на турнирот во Перм (Русија).
Првиот собир, селекторот Александар Тодоров го закажа од 13. часот, во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде ќе се тренира се до предвиденото заминување за Русија.
Во Скопје ќе бидат одработени вкупно пет тренинзи. Првите четири од 13. часот, додека оној последниот, во недела, на 14.февруари, ќе биде од 15. часот.
На 15. февруари, во раните утрински часови, со специјален чартер-лет кој го обезбеди нашата федерација, е планирано тргнувањето за Перм.
Список на играчи за подготовките и настап во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА