19.02.2024

До првиот натпревар со Естонија, (23.февруари), избраниците на селекторот Јончевски ќе ги одработат планираните активности во СРЦ „Кале“

Почеток на подготовките на нашиот сениорски национален тим

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва во Скопје, ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во февруарскиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски стави 14. кошаркари на конечната листа на кандидати за средбите со Естонија (на 23. февруари) односно Полска (26.февруари) .

Согласно со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде ќе го играме натпреварот против репрезентацијата на Естонија, „црвено-жолтите“ ќе одработат и одреден број на тренинзи.

По вечерашниот, закажан за 18.часот, во вторник следуваат уште два.

Во 10 односно во 18.часот, ќе бидат тренинзите на 21. февруари, додека на 22. февруари, нашите најдобри кошаркари ќе тренираат од 14.30 часот.

Тренинг ќе има и на денот на првиот натпревар, во петок, од 11 до 12. часот.

На 23. февруари (петок), од 19.часот, следува премиернито натпревар од квалификациите, против репрезентацијата на Естонија.

НАПОМЕНА:

Првиот тренинг во СРЦ „Кале“ ќе биде од  „отворен карактер“

Согласно со договорот со стручниот штаб, предводен од селекторот Александар Јончевски, вечерашниот прв тренинг, односно првите 30 минути, ќе биде отворени за претставниците од медиумите.

Од 18 до 18.30 часот, сите акредитирани новинари, но и останатите претставници, ќе може да проследат дел од тренингот, да ги добијат сите потребни информации поврзани со подготовките и настапот на нашата сениорска репрезентација во февруарскиот циклус од квалификациите за ЕП 2025.  

Стручниот штаб и играчите ќе бидат достапни и во наредните денови од подготвителниот период, во последните 15.минути, и завршување на предвидените тренинг-сесии.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев - МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков - МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – Пелистер

Андреј Маслинко – Пелистер

Амар Хот – Пелистер

Стојан Ѓуроски – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија

Адем Мекиќ – Задар, Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Итан Хап – Гран Канарија - Шпанија

СЕЛЕКТОР: Александар Јончевски