09.07.2021

Новиот кормилар на националниот тим, Драган Бајиќ најавува подмладување на составот

Почеток на подготовките, прво на ред, проверка на младите сили

Согласно со тоа, во договор со своите соработници, донесе одлука најпрвин од 10. јули да почне да работи со помладите кошаркари, кои сака најпрвин да ги види на дело пред конечно да го дефинира списокот на сите кошаркари на кои од нив би можел смета за работа во сениорскиот национален тим, кој два дена подоцна ќе ги отвори подготовките за претквалификацискиот турнир кој од 12. до 18. август ќе се одржи во Скопје.

На првиот тренинг, планиран да се реализира во сабота, со почеток од 10.часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“, се повикани:

Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка), Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка), Михаил Наумоски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Андоновски  (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка), Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Дино Боцевски (Стела Аѕура-Италија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија)

Оваа група на играчи ќе одработи четири тренинзи ( во сабота и недела, од 10 и од 19. часот), по што селекторот Драган Бајиќ ќе определи кој од нив ќе бидат префрлени во сениорскиот состав.