05.10.2021

Македонскиот селектор Драган Бајиќ со својата Игокеа вечерва (18.30 часот), го пречекува солунски ПАОК

Почеток на возбудувањата во ФИБА Лигата на шампионите

По Евролигата, оваа седмица ќе стартуваат натпреварите и од ФИБА Лигата на шампионите, особено интересна ако се знае дека учествува и екипата на Игокеа, која со успех ја предводи актуелниот македонски селектор, Драган Бајиќ.

Ждрепката и квалификациите „посакаа“ тимот од Лакташи да биде дел од групата „Е“ во која се уште и екипите на ПАОК, Галатасарај и Нимбрук.

Какви се очекувањата на Драган Бајиќ во пресрет на новата европска сезона.

„Се работи за еминентно натпреварување, со квалитетни клубови кои имаат огромни вложувања. Голема работа за нашиот куб е што воопшто најдовме свое место во ова друштво. Групата е атрактивна, со големи имиња. Станува збор за клубови кои имаат многу поголеми буџети, а и многу поголеми амбиции во однос на нас. Меѓутоа, сличен случај беше и минатата година. Но пруживме максимален отпор на секој противник и бележевме одлични резултати. Истото го очекувам и оваа сезона.

Нема да биде лесно да го повториме ланскиот резултат, но јас како тренер морам да верувам во она то го работам. Мирам да верувам во овие момци кои ги селектиран. И само така можеме да очекуваме да направиме добра работа“ – истакна Бајиќ.  
Македонскиот селектор се осврна и на средбата против ПАОК, закажана за вечерва од 18.30 часот во Лакташи.

„Да бидам искрен, што се однесува до нивните игри, имаме слаби информации. Пред неколку дена го одиграа првиот меч во грчкото првенство. Но гледајќи го ростерот, тоа е сериозен тим, и самите вложувања во текот на летото кажуваат дека ПАОК влегува во Лигата на шампионите со намера да направи добар резултат. Но, ние сме домаќини. Сигурно е дека и ние се прашуваме многу. А тоа ќе го барам и од своите играчи. Сакам да ја извлечам моменталната енергија од нив. Да дадат максимум, а ако ни се укаже прилика за победа, јас сум убеден дека ќе знаеме да ја искористиме. Клучниот фактор сигурно ќе биде одбраната, и ако тоа добро го одработиме, верувам дека можеме да дојдеме до победата“ - заклучува Бајиќ.

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ ПРВО КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00: Тофаш – Остенде

18.30: Лаврио – Дижон

18.30: Игокеа – ПАОК

18.30: Клуж Напока – Дарушфака

20.00: Лудвисбург – Банко Де Сардења

20.00: Хапоел Ерусалим – Пинар Каршијака

20.30: Тревизо – ВЕФ Рига

6. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

18.00: Прометеј – Тенерифе

18.00: Нижњи Новгород – Уникаха

18.00: Шомбатели – АЕК

20.00: Галатасарај – Нимбурк

20.00: ЕВЕ Баскетс - Ритас Вилнус

20.30: Стразбур – Калев/Крамо

20.30: Бриндиси – Хапоел Холон

21.00: Манреса – Стал Остров