При посетата на Скопје, првиот човек на кошаркарскиот клуб Игокеа, а член на Претседателството на БиХ, беше срдечно пречекан од страна на првиот човек на нашата кошаркарска федерација...
Во оваа прилика, големите љубители на кошарката си разменија и пригодни подароци, во вид на дресови.

Па така за Додик беше наменет жолтиот дрес со бројот 1, додека пак претседателот на КФСМ доби дрес со неговиот омилен број, оној кој го носеше и за време на настапите во нашите национални тимови – 12.

Како што е познато, Милорад Додик е голем поддржувач на кошарката на просторите на Босна и Херцеговина, па оваа средба во Скопје беше искористена за дополнително зајакнување на кошаркарските врски на нашата федерација со еден од највлијателните личности во кошарката на просторите на поранешната држава.