23.11.2020

Овој викенд започнаа и натпреварите во Првата лига-жени од сезоната 2020/2021.

Почна новата натпреварувачка сезона во Првата лига-жени

Се одиграа три од предвидените пет натпревари, а во нив фаворитските екипи забележаа сигурни победи.

Мошне убедливо Вардар славеше со (100:47) против екипата на Пробаскет, а сличен беше и развојот на настаните на средбата во која Крива Паланка беше могу подобра од МЗТ Скопје Аеродром (95:48).

Најрамноправен беше дуелот во кој кошаркарките на Шкупи го совлада составот на Пантери (50:47).

Оваа седмица ќе се одиграат двете одложени средби Бадел 1862-Работнички, односно Гостивар-Струга 2009.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ - ПРВО КОЛО

ИСТОК

К. Паланка – МЗТ Скопје Аеродром  95:48

Вардар – Пробаскет        100:47

Куманово – слободен

Баскет КАМ - слободен

ИДНО КОЛО (28.11)

Баскет КАМ – Куманово 2020

МЗТ Скопје Аеродром - Вардар

К. Паланка – слободен

Пробаскет - слободен

ЗАПАД

Пантери – Шкупи 43:50

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Гостивар – Струга 2009

Бадел 1862 – Работнички

ИДНО КОЛО (28.11)

Трокал – Шкупи

Струга 2009 – Пантери

Работнички - Гостивар

Бадел 1862 - слободен