01.09.2022

Никогаш посилен не бил собирот на најдобрите кошаркари на Стариот континент, фаворити за златото – неколку

Почнува 41. Евробаскет, кој ќе застане на европскиот трон?

Уште еднаш во четири различни држави, во доста долг временски период, ќе стартува уште едно издание на Европското првенство.

Судејќи според играчките ростери, веројатно едно од најквалитетните во последно време.

Евробаскетот доаѓа во можеби помалку незгоден период, на средина од квалификациите за Светскиот Куп во кој се вклучени најголем број од селекциите кои ќе ги видиме во Тблиси, Келн, Милано и Прага, а потоа и во Берлин, каде што ке се игра завршниот дел од шампионатот.

Но во време во кое Еврпа може да смета на своите ѕведи кои се дел од најсјаниот кошаркарски простор – НБА лигата.

И покрај отсуството (поради повреди), на една комплетна „дванаесеторка“, јасно е, до тронот ќе биде тешко да се стигне.

Словенија ја брани шампионската титула освоена во сега веќе помалку „далечната“ 2017 година. И тоа во скоро идентичен ростер во кој се и Лука Дончиќ, но и неговиот „ментор“ Горан Драгич.

Обично велат дека е потешко да се одбрани нешто отколку да се освои, па тоа важи за момците од Дежела, кои, за разлиак од претодниот пат, ќе имаат големи пречки за поминување.

Најголемата веројатно ќе биде Србија, со уште една мега ѕвезда, тоест најдобрата во НБА лигата, Никола Јокиќ, но и Грција со екс-најкорисниот во тоа друштво, Јанис Адетонкумбо.

Не смее, ама баш никогаш, да се отпише актуелниот светски шампион – Шпанија, макар што по подолго време Серџо Скариоло ќе ги нема покрај себе играчи како браќата Гасол, Серхио Љуљ...

Свој збор ќе има секогаш силната Франција, преполна со големи ѕвезди како Руди Гобер, Еван Фурније, во екој случај, и Литванија, која го има веројатно најголемиот бедем во рекетот од типот, Сабонис-Валанчиунас, па зошто да не и Турција, селекцијата која има и најдолг ростер со играчи кои играат во најсилната лига на светот (Осман, Коркмаз, Шенгун...)

Во тие рамки се движат и предвидувањата на оние кои се занимаваат со тоа – прогнозерите.

Последниот пресек на аналитичарите од ФИБА вели дека најголеми шанси за пехарот има Србија, особено по двете големи победи во светските квалификации против Грција во Белград и Турција во Истанбул.

Тука е веднаш и Словенија, следува Грцја, Па Литванија, Франција, Германија, Шпанија, и уште еден до домаќините во првиот круг од натпреварувањето – Италија, чии шанси се сериозно намалени со неиграњето на Данило Галинари кој се повреди непосредно пред почетокот на Евробаскетот.

Систем за натпреварување

Доста долг ќе биде и овој турнир, 41. по ред, на кој ќе играат најдобрите 24. селекции на Стариот континент.

Има четири натпреварувачки групи, секоја со по шест репрезентации учесници.

Во, првата, групната фаза, ќе се одиграат пет натпреварувачки кола. Во периодот од 1. до 8. септември, по што првопласираните четири од секоја група, обезбедуваат пласман во осминафиналето.

Ќе се игра по ден пауза, односно на 10. и на 11. септември. Најдобрите осум селекции од првата фаза од „чистилиштето“, ќе обезбедат пласман во четвртфиналето кое е на програмата на 13 односно на 14. септември.

На 15 септември е уште еден слободне ден, а веќе во оној наредниот, ќе ги добиеме и четирите полуфиналисти. По уште 24 часа предвидени за одмор, на 17. септември се играат двете полуфинални средби, а ден подоцна во Арената во Берлин ќе се одигра натпреварот за трето место, односно големото финале.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ НА ЕВРОБАСКЕТ 2022

ГРУПА А (ГРУЗИЈА-ТБИЛИСИ)

Шпанија

Бугарија

Турција

Црна Гора

Белгија

Грузија

ГРУПА Б (ГЕРМАНИЈА-КЕЛН)

БиХ

Унгарија

Франција

Словенија

Литванија

Германија

ГРУПА Ц (ИТАЛИЈА-МИЛАНО)

Грција

Украина

Естонија

Велика Британија

Хрватска

Италија

ГРУПА Д (ЧЕШКА-ПРАГА)

Израел

Холандија

Полска

Финска

Србија

Чешка

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПНА ФАЗА

1.СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):

13.30: Шпанија – Бугарија (А)

14.30: БиХ - Унгарија (Б)

16.15: Турција – Црна Гора (А)

17.15: Словенија – Литванија (Б)

19.00: Белгија – Грузија (А)

20.30: Франција – Германија (Б)

2.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК):

14.00: Израел  Финска (Д)

14.15: Украина – Велика Британија (Ц)

17.00: Хрватска – Грција (Ц)

17.30: Полска – Чешка (Д)

21.00: Италија – Естонија (Ц)

21.00: Србија – Холандија (Д)

3.СЕПТЕМВРИ (САБОТА):

13.30: Црна Гора – Белгија (А)

14.00: Финска – Полска (Д)

14.15: Велика Британија – Хрватска (Ц)

14.30: Германија – БиХ (Б)

16.15: Бугарија – Турција (А)

17.00: Естонија – Украина (Ц)

17.30: Чешка – Србија (Д)

17.45: Литванија – Франција (Б)

19.00: Грузија – Шпанија (А)

20.30: Унгарија - Словенија (Б)

21.00: Грција – Италија (Ц)

21.00: Холандија – Израел (Д)

4.СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА):

13.30: Бугарија – Црна Гора (А)

14.30: Литванија – Германија (Б)

16.15: Шпанија – Белгија (А)

17.45: Словенија – БиХ (Б)

19.00: Турција – Грузија (А)

20.30: Франција – Унгарија (Б)

5.СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

14.00: Полска – Израел (Д)

14.15: Хрватска – Естонија (Ц)

17.00: Велика Британија – Грција (Ц)

17.30: Чешка – Холандија (Д)

21.00: Украина – Италија (Ц)

21.00: Србија – Финска (Д)

6.СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК):

13.30: Белгија – Турција (А)

14.00. Холандија – Полска (Д)

14.15: Естонија – Велика Британија (Ц)

14.30: БиХ – Франција (Б)

17.00: Грција – Украина (Ц)

17.15: Унгарија – Литванија (Б)

17.30: Финска – Чешка (Д)

19.00: Грузија – Бугарија (А)

21.00: Италија – Хрватска (Ц)

21.00: Израел – Србија (Д)

7.СЕПТЕМВРИ (СРЕДА):

13.30: Турција – Шпанија (А)

14.30: Литванија – БиХ (Б)

16.15: Бугарија – Белгија (А)

17.15: Франција – Словенија (Б)

19.00: Грузија – Црна Гора (А)

20.30: Унгарија – Германија (Б)

8.СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):

14.00: Финска – Холандија (Д)

14.15. Хрватска – Украина (Ц)

17.00: Естонија – Грција (Ц)

17.30: Чешка – Израел (Д)

21.00: Велика Британија – Италија (Ц)

21.00: Србија – Полска (Д)

9. СЕПТЕМВРИ – СЛОБОДЕН ДЕН

10. СЕПТЕМВРИ – ОСМИНАФИНАЛЕ – ПРВ ДЕН

Б2 – А3

А1 – Б4

Б1 – А4

А2 – Б3

11. СЕПТЕМВРИ – ОСМИНАФИНАЛЕ – ВТОР ДЕН

Ц1 – Д4

Д2 – Ц3

Ц2 – Д3

Д1 – Ц4

12. СЕПТЕМВРИ – СЛОБОДЕН ДЕН

13.СЕПТЕМВРИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ПРВ ДЕН

Победник Б2/А3 – Победник Ц1/Д4

Победник А3/Б4 – Победник Д2/Ц3

14.СЕПТЕМВРИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ВТОР ДЕН

Победник Б1/А4 – Победник Ц2/Д3

Победник А2/Б3 – Победник Д1/Ц4

15. СЕПТЕМВРИ – СЛОБОДЕН ДЕН

16. СЕПТЕМВРИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Победник Б2/А3/Победник Ц1/Д4 - Победник А3/Б4/Победник Д2/Ц3 (А)

Победник Б1/А4/Победник Ц2/Д3 - Победник А2/Б3/Победник Д1/Ц4 (Б)

17.СЕПТЕМВРИ – СЛОБОДЕН ДЕН

18. СЕПТЕМВРИ

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Поразен А – Поразен Б

ФИНАЛЕ

Победник А – Победник Б

*Сите натпревари во елиминациската фаза се играат во „Мерцедес Бенз Арена“ - Берлин

** Термините ќе бидат објавени дополнително