Викендот кој следува. ќе стартуваат и натпреварите од Аматерската лига-мажи.
Согласно бројот на пријавени клубови – осум, односно системот за натпреварување, во првиот дел од сезоната ќе се игра според двокружен бод-систем - „секој со секого“.
Односно осумте пријавени екипи ќе одиграат по 14. натпревари во 16. натпреварувачки кола.
Во вториот натпреварувачки сегмент, односно плеј-офот, пласман ќе обезбедат првопласираните четири екипи од првиот дел.
Полуфиналето ќе се игра според принципот „подобар од три натпревари“, според формат „1-1-1“ со предност на домашен на подоброрангираните екипи.
Победниците од двете полуфинални серии ќе обезбедат место во финалето кое ќе се игра според истиот систем како и полуфиналето.
Победникот ќе обезбеди пласман во Прва македонска лига-мажи за натпреварувачката сезона 2026/2027.
Календарот за натпреварување вели дека првото првенствено коло во Аматерската лига-мажи ќе се одигра на 25/26. октомври, додека последното коло од регуларниот дел е предвидено за 7. односно 8. март, 2026 година.
Почетокот на полуфиналните серии е предвиден за 14/15. март, вториот меч од серијата ќе се игра на 21/22. март, додека евентуалниот трет натпревар би се играл на 28/29.март (на теренот на подобро рангираната екипа).
Првиот натпревар од финалето на плеј-офот ќе се игра на 4. или 5.април, вториот на 11. или 12. април, а евентуалната „мајсторка“ на 18. или 19. април, 2026 година.
*Поради настапите на машката сениорска репрезентација – во периодот од 27. до 30. ноември, оваа година, нема да се играат редовно закажаните првенствени кола.
Пауза, односно „слободен викенд“ во ова натпреварување ќе има и во термините кога ќе се играат квалификациите од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, и тоа на 27/28. декември (четвртфинале), односно на 14/15. февруари. 2026 година (финален турнир).
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО АМАТЕРСКА ЛИГА-МАЖИ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2025/2026