03.03.2022

На турнирот, кој од денеска до 6. март, ќе се игра во Скопје, ќе учествуваат, Македонија, Турција, Романија, Бугарија и Косово

Почнува меѓународниот турнир, како главен дел од ФИБА проектот за млади кошаркари за 2022 година

Во организација на македонската кошаркарска федерација, од 28. февруари стартуваше новото продолжение од кошаркарскиот камп за млади надежи. Во изминатите неколку дена двете наши селекции во обете конкуренции, одработија по неколку тренинзи кои им беа од голема корист на младите кошаркар(к)и во обидот подготвени да го дочекаат почетокот на турнирот насловен како FIBA YDF FUND INTERNATIONAL TOURNAMENT 2022.

Собир на кој од 3. до 6. март ќе се најдат талентирани кошаркари (во двете конкуренции) за генерација 2008 година, а освен нашите селекции ќе учествуваат и соодветните национални тимови на Турција, Бугарија, Косово и Романија.

Машката селекција на Македонија која ќе игра на овој турнир е составена од следните играчи:

Жарко Терзиевски - КК Вардар, Ѓорги Цветковски - КК Феникс 2010, Христијан Миленковиќ - КК Спортисимо – Кавадарци, Љубен Ефтимовски - КК Вардар, Глигори Ѓорѓевиќ - КК Вардар, Лео Созовски - КК Јуниор Баскет Битола, Алексеј Нешовиќ - КК Вардар, Митков Андреј - Спортисимо – Кавадарци, Дамјан Данев - КК Вардар, Иван Мијалов - КК Куманово, Лука Пјевац - КК Вардар, Јосип Милковски - КК Куманово, Матеј Костов - КК Вибас, Дамјан Стојановски - КК Вибас; 

Селектор: Александар Јованчев, Помошници: Мартин Атанасовски, Марјан Ѓуров

Женската селекција на Македонија која ќе игра на овој турнир е составена од следните играчи:

Теодора Мариновска – ЖКК Вардар, Јована Димовска - ЖКК МЗТ Скопје Аеродром, Ана Марија Ѓорѓеска  - ЖКК Гостивар, Ана Станојкоска  - Пробаскет Пробиштип, Јана Кукунешоска – ЖКК Струга 2009, Дора Алексовска – ЖКК Бадел 1862, Илина Несторовска –  ЖКК Бадел 1862, Нарта Ферати – ЖКК Вардар, Сара Сулејмани – Шкупи, Теодора Ѓорѓиевска – ЖКК Бадел 1862, Теа Трајковска  - ЖКК Вардар, Јана Пислевска  - ЖКК Вардар, Милена Зафировска – ЖКК Баскет –КАМ, Мила Начевска  - ЖКК Бадел 1862

Селектор: Јасмина Герасимовска Николиќ, Помошници: Пепа Ташева, Сања Костова

FIBA YDF FUND INTERNATIONAL TOURNAMENT 2022

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

3. МАРТ

15.00: Турција – МАКЕДОНИЈА (Ж)

17.00: Турција – МАКЕДОНИЈА (М)

19.00: Бугарија – Косово (Ж)

21.00: Бугарија – Косово (М)

4. МАРТ

11.00: Романија – Турција (Ж)

13.00: Романија – Турција (М)

15.00: МАКЕДОНИЈА – Бугарија (Ж)

17.00: МАКЕДОНИЈА – Бугарија (М)

19.00: Косово – Романија (Ж)

21.00: Косово – Романија (М)

5. МАРТ

11.00: Турција – Бугарија (Ж)

13.00: Турција – Бугарија (М)

15.00: Романија – МАКЕДОНИЈА (Ж)

17.00: Романија – МАКЕДОНИЈА (М)

19.00: Косово – Турција (Ж)

21.00: Косово – Турција (М)

6. МАРТ

11.00: Бугарија – Романија (Ж)

13.00: Бугарија – Романија (М)

15.00: МАКЕДОНИјА – Косово (Ж)

17.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (М)

*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, и ќе бидат пренесувани „во живо“ на youtube каналот на КФСМ

ЛИНК ЗА СТРЕАМ ПРЕНОСИ