19.11.2020

Ќе бидат одиграни неколку квалификациски, и еден финален турнир на кој ќе биде прогласен зимски 3х3 шампион.

Почнува пријавувањето за зимската лига во „3х3“

Кошаркарската Федерација во соработка со 3х3 Macedonia ќе организира зимска 3х3 лига, која ќе се одвива претстојниот месец декември.

Ќе бидат одиграни неколку квалификациски турнири и еден финален турнир на кој ќе биде прогласен зимски 3х3 шампион.

Секоја екипа може да пријави максимум шест играчи, од кои двајца можат да бидат странски државјани. Од вкупно шест пријавени играчи, на еден турнир можат да настапат најмногу четири играчи, но не повеќе од еден странски играч.

Лигата ќе биде OPEN категорија, односно играчите треба да бидат родени 2002 година или постари.

Пријавите за учество во зимската лига во „3х3“ може да се испратат на следната адреса: 3x3@basketball.org.mk најдоцна до 30.11.2020 година.