19.09.2022

Проектот, односно сезоната број 3, продолжува и оваа есен, со истиот ентузијастички дух, и на некои други места во нашата земја

Почнува третата сезона на проектот на ФИБА „Her World, Her Rules“

„Her World, Her Rules“ е единствен проект кој го иницираше ФИБА Европа во партнерство со националните федерации со цел промоција на женската кошарка во Европа преку реализирање на разни кошаркарски активности.

Македонската кошаркарска федерација се вклучи на почетокот проектот пред две сезони, а континуитетот беше задржан и во текот на ланската натпреварувачка сезона, кога посетивме повеќе од 15. градови низ нашата земја.

Проектот, односно сезоната број 3,  продолжува и оваа есен, со истиот ентузијастички дух, и на некои други места.

За таа цел, уште еднаш, ги повикуваме сите девојчиња и девојки на возраст од 6 до 15 години на дружење, запознавање со кошаркарската игра, и пред се, добрата атмосфера.

Новите возбудувања започнуваат веќе од утре, на кошаркарското игралиште на Основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче во Скопје.  

Во оваа трета, по ред сезона, ќе бидат опфатени 12. училишта низ целата територија на Македонија. А амбасадорите на „Her World, Her Rules“, Јелена Антиќ, Едина Муса, Александра Стојановска, Симона Деловска во текот на школската година, освен Скопје, ќе ги посетат: Пехчево, Ресен, Кавадарци, Демир Хисар, Берово, Кратово, Куманово, Валандово, Гевгелија, Струмица и Кичево.

Добра забава за сите!