Машката јуниорска селекција на Македонија овој викенд ги „затвори“ оној прв дел од подготовките. А веќе денеска, од 11. часот, комплетниот тим се сели на Југот од земјата, поточно во Гевгелија, каде ќе биде „отворен“ оној вториот.
Денови во кои ќе „доминираат“ контролните натпревари...
Веќе од вторник, стартува новото издание од меѓународниот турнир „Бобан Петковски“. Собир на кој ќе бидат присутни четири национални тимови „Под 18“ години, односно освен нашата и селекциите на Израел, Црна Гора и Грција.
Добра прилика за селекторот Андреј Апостолски Лечиќ да ја провери моменталната подготвеност на тимот на кој ќе смета за настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ова лето од 21. до 30. јули ќе се одржи во Матошинос – Португалија.
Селекторот Андреј Апостолски Лечиќ и неговиот стручен штаб во кој се асистентите Никола Димитриевски и Дејан Србиновски, и кондицискиот тренер Трајче Стојанов, ги одреди и играчите кои ќе ги има на располагање за она што следува од вторник попладне во салата „26.април“ во Гевгелија.
СПИСОК НА ИГРАЧИ: Андреј Шошкиќ, Ангел Стојанов, Филип Чолаковски, Милош Кнежевиќ, Горазд Митев, Атанасиј Трајанов, Koста Ќириловски, Павел Иванов, Марко Лукановски, Бојан Величковски, Димитар Зетов, Дино Лазаров, Андреј Чадамов, Грегориј Јакимовски, Исак Муареми, Давид Петрушевски
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „БОБАН ПЕТКОВСКИ“ 2023 – ГЕВГЕЛИЈА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
27. ЈУНИ (ВТОРНИК)
17.00: МАКЕДОНИЈА – Грција
19.00: Црна Гора – Израел
28. ЈУНИ (СРЕДА)
17.00: МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
19.00: Грција – Израел
29. ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)
17.00: Израел – МАКЕДОНИЈА
19.00: Грција – Црна Гора