„Her World, Her Rules“ е единствен проект кој го иницираше ФИБА Европа во партнерство со националните федерации со цел промоција на женската кошарка во Европа преку реализирање на разни кошаркарски активности.
Македонската кошаркарска федерација се вклучи во проектот на почетокот на ланската натпреварувачка сезона, кога посетивме повеќе од 15. градови низ нашата земја.
Проектот продолжува веќе оваа есен, со истиот ентузијастички дух. За таа цел ги повикуваме сите девојчиња и девојки на возраст од 6 до 15 години на дружење, запознавање со кошаркарската игра, и пред се, добрата атмосфера.
Новите возбудувања започнуваат веќе од утре, на кошаркарското игралиште на Основното училиште „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево во Скопје.
Во оваа втора сезона, ќе бидат опфатени 15 училишта низ целата територија на Македонија. А амбасадорите на „Her World, Her Rules“, Јелена Антиќ, Едина Муса, Симона Деловска во текот на школската година, освен Скопје, ќе ги посетат: Струмица, Гевгелија, Радовиш, Тетово, Неготино, Дебар, Кичево, Кочани, Делчево, Берово, Виница, Велес, Прилеп, и Свети Николе.
Добра забава за сите!