Во наредните четири дена, Ботевград, односно Никозија, ќе бидат во улога на домаќини на квалификациските турнири за пласман во групната фаза од натпреварите во ФИБА Лигата на шампионите.
Поради актуелната здравствена ситуација, ФИБА Европа одлучи да го промени форматот на квалификациите за Лигата на Шампионите.
Ќе се играат четири одвоени турнири, по два во Бугарија односно во Кипар. А победниците на секој од четирите турнири ќе се пласираат во главната, односно групна фаза од ФИБА Лигата на Шампионите.
На турнирот во Ботевград, во групата „Ц“ ќе разигруваат: Игокеа (БиХ), Клуж Напока (Романија), Спортинг (Португалија) Фрибург Олимпик (Швајцарија), како и Балкан (Бугарија), Цмоки Минск (Белорусија), Лондон Лајонс (В. Британија) и Нептунас Клаипеда (Литванија), кои се дел од групата „Д“.
Во исто време, на собирот во Никозија ќе се појават екипите на: Ираклис (Грција), Керавнос (Кипар), Дњипро (Украина), Донар Гронинген (Холандија), како дел од групата „А“, и Хапоел Тел Авив (Израел), Бакен Беарс (Данска), Монс (Белгија) и Анвил Влоцлавек (Полска), кои се дел од групата „Б“.
За жал, поради пандемијата на КОВИД 19, овие квалификациски натпревари од најквалитетното натпреварување на ФИБА, ќе се реализираат без присуство на публика.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА А (НИКОЗИЈА)
ПОЛУФИНАЛЕ (23.СЕПТЕМВРИ)
Бакен Беарс – Хапоел Тел Авив
Анвил Влоцлавек – Монс
ФИНАЛЕ (25.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2
ГРУПА Б (НИКОЗИЈА)
ПОЛУФИНАЛЕ - ДЕНЕСКА:
15.30: Донар Гронинген – Дњипро
19.30: Керавнос – Ираклис
ФИНАЛЕ (24.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2
ГРУПА Ц (БОТЕВГРАД)
ПОЛУФИНАЛЕ (23.СЕПТЕМВРИ)
Клуж Напока – Игокеа
Фрибург Олимпик – Спортинг
ФИНАЛЕ (25.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2
ГРУПА Д (БОТЕВГРАД)
ПОЛУФИНАЛЕ - ДЕНЕСКА:
15.30: Нептунас Клаипеда – Лондон Лајонс
19.30: Цмоки Минск – Балкан
ФИНАЛЕ (24.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2