19.04.2018

Поддршка на барањето од МЗТ Скопје Аеродром АД за намалување на бројот на странски играчи

Во врска со барањето на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром АД за промена на  член од Регистрацискиот правилник во кој го пропишува бројот на странци во тимовите, Македонската кошаркарска федерација сака да изрази комплетна поддршка за овој предлог и воедно ги охрабрува сите клубови да застанат позади иницијативата на актуелниот шампион.

Член 32.5
(5) Клуб во Прва лига мажи има право на пријавување и настап најмногу 6 (шест) странски играчи во составот на еден натпревар, но на терен во игра, да нема помалку од два домашни играчи.

Тригодишните заложби на актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација за унапредување на квалитетот на младинските категории и заздравување на развојот на нашата иднина ја увиде и еден од водечките клубови во македонската кошаркарска историја и се надеваме дека низ конструктивни и заеднички разговори помеѓу сите инволвирани фактори ќе дојдеме до квалитетно и брзо решение за поставување на квалитетна основа за успешност на идните генерации.

Македонската кошаркарска федерација ќе ја започне постапката согласно актите на федерацијата за промена на бараниот член во Регистрацискиот правилник.