04.08.2017 Нашата сениорска репрезентација утре (сабота, 5. август) го игра вториот натпревар во рамки на претквалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Кина. Со еден пораз зад себе, од Косово, што и тоа како влијае на самодовербата на играчите. Поддршка ни е потребна, сега повеќе од кога било! Билетите се пуштени во продажба, во продажната мрежа на МКТИКЕТС и се по цена од 150 денари (билет за еден натпревар) односно 200 денари (блок-билет за двата натпревари). Воините на Давитков знаат да победуваат и тоа го докажале повеќе пати. Но сигурно да се игра пред полни трибини ќе им даде дополнителен ветер в грб.