Екипите на Гостивар и на Куманово одиграа доста изедначен натпревар. А на истекот на 40.минути игра во салата „Младот“ во Гостивар, резултатот беше егал (84:84).
Домашната екипа беше подобра во првото полувреме кое го реши во своја корист (50:39). Додека гостите од Куманово играа многу подобро по паузата во која успеаја да го надокнадат резултскиот минус и да стигнат до нерешен скор.
Во домашниот тим, каде поради повреди не настапија искусните Марјан Јанески и Малком Армстед, поентерски се одвоија Костоски со 22, и Тодоровиќ со 21. реализации, додека на спротивната страна во преден план беше американскиот двоец Гуити (23.поени) и Шелби (20).
Според најавите, во наредните денови до почетокот на првенството, Куманово ќе одигра уште неколку контролни мечеви. Прво со екипата на Кожув, средба која би требало да се игра на 22. септември во Гевгелија. Три дена подоцна следува проверката со Работнички во Скопје, а на 27. септември со Вардар, на домашен терен во Куманово.
Планот на стручниот тим на Гостивар, предводен од Марјан Србиновски, е да се одигра контролна средба со Работнички, најверојатно во Скопје, за време на викендот.