30.09.2020

Гостиварци славеа убедливо со (102:80) против новакот, додека „пантерите“ беа подобри од „вардарци“ (91:86).

Подготвителни натпревари: Гостивар многу подобар од ТФТ, Академија ФМП со пет поени плус против Вардар

Денеска беа одиграни два контролни натпревари кај прволигашите. Едната средба се одигра во Гостивар, каде екипата на Гостивар беше многу подобра од новакот во прволигашката конкуренција, екипата на ТФТ од Скопје.

Славеа со убедливи 102:80 (33-27; 23-17;20-20; 26-16)

Дури петмина кошаркари во екипата на Марјан Србиноски завршија со двоен број на поени. Ги предводеше Тодоровиќ кој постигна 18, Стаки Мозли имаше 15, еден помалку Димчевски, додека по 10. реализации дојдоа од Костоски и Тасовски.

Кај ТФТ, со 20 поени, поентерски се одвои Тај Херис, додека Лаклан Андерсон финишираше со 16. реализации.

Другата средба беше во малата сала на СРЦ „Кале“, каде екипата на Академија ФМП излезе како победник против домаќинот Вардар (91:86).