Кошаркарите на Куманово продолжија со одигрување на контролните натпревари. По средбата на домашен терен со Кожув, два дена пдооцна, „сино-белите“ одново беа во СЦ „Јане Сандански“ и одиграа пријателски натпревар со екипата на МЗТ Скопје Уни Банка кој го решија во своја корист со (73:67).
Без носителите на играта, Шелби, Марковски и Андрејевиќ, избраниците на тренерот Владимир Мирковски имаа постојано водство, и на крајот стигнаа до уште триумф.
Најдобар стрелец во победата на Куманово беше Дамјан Робев со 23 поени, Стефан Глигоријевиќ имаше „дабл-дабл“ ефект од 16 поени и 12 скока. Двоен број на поени даде Андреј Цветковски -12, како и Хулио Гуити кој реализираше еден помалку.
Кај екипата на МЗТ Уни Банка, Максим Митевски реализираше 18.поени, а Леонид Тодоровски и Лука Савиќевиќ дополнија со по 14. поени.
Ова беше втора средба помеѓу овие две екипи во периодот на подготовките. Во првиот меч, одигран минатата недела, победија младите „металци“ со (76:72).