29.09.2020

Гевгеличани убедливо го добија дуелот со младите „металци“ (87:64)

Подготвителни натпревари: Кожув лесно со МЗТ Скопје Уни Банка

Кошаркарите на Кожув делуваа убедливо во контролниот меч против екипата на МЗТ Скопје Уни Банка. На домашен терен гевгеличани славеа со убедливи (87:64).

До победата домашната екипа дојде благодарение на одличниот почеток. Уште во првата четвртина Кожув реализира високо водство (24:7), кое го имаше и на полувремето (44:31).

Во ист стил кошаркарите на Александар Јончевски продолжија и по одморот. По три периоди од играта водеа со уште повисоки (66 :50), за на крај да дојдат до уште поубедлива предност.

Ја креираше, во најголема мерка двоецот Симоновски-Џексон. Репрезентативниот бек на „црвено-белите“ реализираше 24.поени (5/8 за три и 4/7 за два поени). Вилиан Џексон заврши со 19.поени и шест скока, додека Џош Скот беше третиот двоцифрен кошаркар, даде 13.поени кои ги дополни со седум скока.

Во гостинската екипа единствено Максим Митевски и Леонид Тодоровски ја надминаа цифрата од барем десет реализации. Митевски реализираше 13. поени, додека високото крило на МЗТ Скопје Уни Банка дојде до дабл-дабл ефект. Односно на 12. поени придодаде и 11. скока.