Екипата на Кожув стигна до првата победа во периодот на подготовките за новата сезона. На гостувањето во Скопје, тимот од Гевгелија славеше убедлива победа во дуелот со Академија ФМП (78:54).
„Црвено-белите“ од Гевгелија беа во водство практично од почетокот на средбата. На полувреме имаа предност од шест поени (42:36), а пресудна беше третата четвртина од играта која избраниот тим на Александар Јончевски ја реши со високи (21:11), за недостижна предност (63:47) пред влегувањето во оној последен дел од оваа „контрола“.
Или 40.минути во кои американскиот двоец Ентоан Максвел-Вили Џексон постигнаа по 17.поени, Предраг Пајиќ имаше 11, а Џош Скот уште десет реализации.
На другата страна, онаа на Академија ФМП, двоцифрен број на поени постигнаа Стефан Крстајиќ (16), Теодор Атанасов заврши со 13, а Славчо Темелковски со 12.поени.
За време на викендот, двете екипи ќе одиграат уште една средба, најверојатно во Гевгелија.