02.10.2020

На „контролата“ во Куманово, двете екипи дадоа по 75. поени

Подготвителни натпревари: Куманово и Вардар – нерешено

Како дел од подготовките за новата сезона, пред крајот на оваа работна недела, екипите на Куманово и Вардар одиграа уште еден контролен меч.

А по 40.минути игра, средбата во Куманово заврши израмнето. Односно двете екипи постигнаа по 75.поени, а тренерите на двете екипи одлучија овој резултат да биде и конечен.

Кумановци ја добија првата и третата четвртина (23-10 и 17-14), а гостите од Скопје, втората и последната (25-14 и 26-21).  

Со 18. реализации, Андрејевиќ беше најефикасниот играч во домашната екипа во која 12. реализираше Цветковски.

Скоро слична распределба на поените беше и кај Вардар. Американецот Провел даде 18, Донаковски имаше 12. поени, додека пак еден помалку постигна некогашниот репрезентативец, Дујковиќ.