Екипата на Куманово го одигра својот втор контролен натпревар. На свој терен го пречекаа гевгелиски Кожув и славеа убедливо со (81:59).
Уште во првиот период кумановци дојдоа до сигурно водство, прво од (15:8, потоа и (25:16). На полувреме беше (41:35) за Куманово. Екипата која пресудната разлика ја направи во третата четвртина, во која поведе со недостижни (65:47).
Американецот Шелби даде 22.поени Андрејевиќ го следеше со 19. На другата страна се издвои американскиот тандем,Џексон-Скот, двајцата реализираа по 17.поени.
*Во првиот контролен меч во пресрет на новата сезона, екипата на МЗТ Скопје Аеродром домашен терен го победи Гостивар со сигурни (87:77).
Натпревар во кој Андрија Бојиќ беше убедливо најдобар стрелец, постигна 33. поени. Новакот Хасани Гравет реализира 17, репрезентативецот Бојан Крстевски 12, а Тодрик Гочер даде уште десет поени за „сино-белите“ во чиј што состав недостасуваа неколку играчи, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Феми Олуџоби и Адем Мекиќ.
Американецот Мозли Стаки со 23 поени беше прв стрелец во гостинската екипа, каде екс-репрезентативецот Александар Костовски реализираше уште 11.