19.09.2020

Гостите од Софија водеа постојано, на крајот и победија на вториот меч во СЦ „Јане Сандански“, (88:90)

Подготвителни натпревари: Левски Лукоил му се реваншираше на МЗТ Скопје Аеродром

И вториот дуел меѓу овие две екипи кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“, исто како и синоќешниот, се одигра без присуство на публика, поради забраната поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

МЗТ Скопје Аеродром – Левски Лукоил (88:90)

За разлика од првиот дуел, на овој, гостите од Софија играа доста подобро. Имаа предност и од осум поени (33:25), во 13.минута, а две минути потоа, и уште повисоки (39:30), односно (41:32). За првото полувреме да заврши со предност на Левски Лукоил, (50:44).

Гостите водеа се до 37.минута, кога Гетчер погоди за три поени и му донесе минимално водство на МЗТ Скопје Аеродром од (79:78). Но само за кратко, затоа што Петков „врза“ пет поени во серија, а „сините“ излегоа како победници во „пенал-завршницата“.

Седуммина домашни кошаркари завршија со најмалку десет постигнати поени. Најмногу 20, постигна Бојиќ, Гравет даде 13, еден помалку реализираше Гетчер, по 11 репрезентативците Стојановски, Магдевски и Николов, а уште десет дојдоа од Крстевски.

Кај Левски Лукоил, Добро беше изданието на Јордан Минчев. Некогашниот играч на МЗТ Скопје Аеродром. Финишираше со 24. поени, додека 21 постигна Тасиќ, а еден помалку  Петков.