Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром за овој викенд, испланираа две силни контролни средби и тоа против најсилниот бугарски тим во овој момент, Левски Лукоил.
Првиот од двата предвидени контролни мечеви се одигра вечерва. Тоа беше и првиот меѓународен кошаркарски натпревар одигран во Скопје по подолга пауза која ја предизвика присуството на корона вирусот.
А домашната екипа имаше силен старт, заокружен со двојно поголем број на дадени од примени поени. Поведе МЗТ Скопје Аеродром со високи (31:15), за на крајот, „контролата“ да делува резултатски уште поубедливо.
МЗТ Скопје Аеродром - Левски Лукоил (94:74)
Четворица домашни кошаркари ја завршија оваа проверка со двоен број на поени. Најмногу, по 17. Имаа Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски, 15. уфрли Феми Олуџоби, а 10 новакот во редовите на „сино-белите“ Гравен Хасани.
Кај гостите од Софија, 24.поени реализираше поранешниот „металец“, Јордан Минчев. Уште 18. поени дојдоа од Бразелтон, додека еден поен помалку постигна Петков.
И вториот дуел меѓу овие две екипи ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“. Во сабота попладне, од 14. часот. Исто како и вечерашниот, ќе се игра без присуство на публика, поради забраната поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот.