19.09.2020 Одлична шутерска изведба на „зелено-белите“, на втората проверка во БиХ, реализираа 13.тројки Кошаркарите на Пелистер дојдоа до втората победа во пдоготвителниот период. На гостувањето во БиХ, забележаа убедлива победа и во вториот пријателски меч. Без особени проблеми, го совладаа тимот на Ласта од Чапљина со резултат (96:77). „Зелено-белите“ беа далеку подобар противник во пресметката со членот на босанската Прва лига. А Американецот Џастин Мартин и Србинот Игор Кесар со по 16. реализирани поени беа најпрецизни во тимот предводен од тренерот Марјан Илиевски. Бојан Трајковски постигна 13, а Бобан Стајиќ уште 10 поени. За „пелистерци“ следуваат уште три контроли. Во наредните денови ќе одиграат и средби против екипите на Широки, Зрињски, и уште еднаш со Леотар од Требиње каде е „базата“ на нашиот прволигаш.