24.09.2020

Лошата прва четвртина на гостувањето во Мостар беше „доволна“ за пораз од (89:95)

Подготвителни натпревари: Пораз на „пелистерци“ од Зрињски

Кошаркарите на Пелистер го запишаа првиот пораз за време на подготовките кои деновиве ги реализираа во Требиње.

На гостувањето во Мостар, беа поразени од екипата на Зрињски со резултат (89:95). Некогашниот АБА лигаш имаше одлично отворање на оваа „контрола“. Во првите десет минути домаќините реализираа неверојатни 39 поени, многу повеќе во однос на оние 22 на битолчани.

„Зелено-белите“ ги добија следните три периоди (28:22, 22:18, и 17:16), но не успеаја да направат резултатски пресврт.

Игор Кесар со 32. реализации беше далеку најдобриот играч на Пелистер на оваа проверка во која Зекири додаде 18.поени, Вилијамс 15, а Трајковски уште 13.поени.

Во претходните две проверки, „пелистерци“ беа подобри од екипите на Леотар и Чапљина.