Кошаркарите на Работнички брзо се рехабилитираа за поразот од пред некоја вечер во „контролата“ со екипата на ТФТ доживеан во последната секунда од играта.
Во „Градски парк“ попладнево гостуваше екипата на Куманово. А со подобра игра во вториот дел, Работнички стигна до победата, (87:75).
Во голема мерка по заслуга на, шутерски одлично, расположените Николовски и Ефремоски, кои погодија доста удари за три поени.
Откако по првото полувреме беше нерешено (46:46), „црвено-белите“ стигнаа до пресудната предност во третиот период. Го добија со (31:20) за водство (77:66), кое го задржаа до крајот.
Кумановци имаа отежната задача да ја стигнат негативата затоа што им се повреди нивниот најдобар играч – Шелби. Но првите проценки се дека не станува збор за некоја посериозна повреда на американскиот бек кај кумановските „сино-бели“.