Машката јуниорска селекција на Македонија го загуби и вториот натпревар на Европското првенство од Дивизијата „А“ кое се игра во главнито град на Србија, Белград.
Денеска, подобри од нашите, беа јуниорите на Грција.
МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА 55:83
Многу подобра игра прикажа нашата селекција „Под 18“ години во дуелот со Грција. Сепак, по релативно изедначениот почеток, јужните соседи направија видлива предност. И на истекот на првата четвртина, имаа водство од (27:13).
Не се променија многу работите на теренот ниту во вториот период, оној во кој противникот изгради уште поубедлива, двојно поголема предност (46:23).
Дел од играта во која Јаничиќ и Данев имааа по седум реализации во нашиот состав.

Третата четвртина беше и најдобрата за нашата селекција, ја реализиравме во наша корист, макар и со минимални (21:20), но покажавме дека можеме да бидеме и далеку поконкурентни во битките со поквалитетните репрезентации во елитната „А“ дивизија.
Данев се промовираше во прв стрелец во нашата репрезентација. Реализираше 17. поени, имаше и пет скока и две успешни додавања во три одиграни четвртини во кои Грција ја задржа високата предност (66:44).

По девет поени имаа Сребров и Ѓорѓевиќ (плус осум скока), додека Јаничиќ застана на бројката од седум реализации (плус шест скока и исто толку додавања) колку што имаше и Најков.
По две одиграни кола во групата „Ц“, Македонија има два порази, Грција е на половиченн ефект, (1-1). Нешто подоцна, од 18.30 часот, ќе играат репрезентациите на Србија и Литванија.
Во третото коло од групната фаза, утре навечер од 18.30 часот, Македонија игра против селекцијата на Србија.