16.06.2025

Почитувани претставници на медиумите, драги пријатели,

Покана за прес-конференција

Во оваа прилика, Ве покануваме за присуство на прес-конференција, на која официјално ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија и неговиот стручен тим.

На овој собир, учество ќе земат и раководните луѓе на федерацијата, претседателот Томе Главчев, потпретседателот Младен Ѓуроски, и генералниот секретар Томче Стојчевски.
Прес-конференцијата ќе биде одржана на ден 17. јуни (вторник), од 12.часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје (конференциска сала - мезанин).

*Нашиот машки сениорски национален тим ова лето ќе биде дел од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2027 година. Македонија е дел од групата „Б“, во која се уште и репрезентациите на Романија и Унгарија.

Во текот на месец август, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат четири натпревари во претквалификациите. Два од нив на домашен терен, на 2. август, против репрезентацијата на Романија, и на 20. август, со селекцијата на Унгарија.