16.08.2025

Во финалниот натпревар, со двете погодени слободни фрлања на неполни две секунди пред крајот, Полска ја победи Белгија со (68:67)

Полска го освои првенството во Скопје

Репрезентацијата на Полска е победник на Европското првенство од Дивизијаата „Б“, кое во изминатите денови се одржуваше во Скопје.

Во драматичен финален натпревар, вечерва, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, Полска стигна до минимална победа (68:67), против Белгија.

До неа дојдоа буквално во последните моменти, поточно на нецели две секунди до крајот, кога Шимон Лата се избори за две слободни фрлања, и ги реализираше без грешка.

По тајм-аутот, шанса имаа и Белгијците, Но обидот на Она Ембо не беше прецизен, за големо славање на кадетите на Полска, кои го подигнааа шампионскиот тррофеј на шампионатот во нашиот главен град, од каде свои доби моменти, односно пласман во елитната „А“ дивизија, остварија и финалистот Белгија, но и третопласираната селекција на Чешка, која претходно, во „малото финале“ ја совлада Португалија (85:67).

Белгиецот Она Ембо е најкорисниот играч на шампионатот 

Во најдобрата петорка на првенството, се најде место за Мигел Соуса (Португалија), Хуберт Свирудовиц и Лукаш Лушек (Полска), Марек Хушка (Чешка), и Арон Она Ембо (Белгија), кој ја доби и главната индиивидуална награда, онаа за најкорисен играч на шампионатот во нашиот главен град.