ФОТО: pzkosz.pl
Во доста ефикасен натпревар одигран на „неутрален терен“во Белград, нашата најдобра селекција загуби од полската, која во овој момент е далеку „напред“ во перидот на подготовките
ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА 97:81
(28-25; 27-21; 19-16; 23-19)
ПОЛСКА: Плута 11, Жишковски 2, Балцеровски 23, Соколовски 16, Шачетка - , Миличиќ 4, Понитка 16, Витлински 0, Војчик 0, Михалак 7, Золниеверич 0, Гарбач 3, Гросели 9, Низиол 6;
МАКЕДОНИЈА: Димитријевиќ 3, Стојановски 13, Магдевски 7, Шортс 18, Бошалески 3, Симиќ 0, Ѓуроски 15, Миловановиќ 0, Андоноски 5, Маслинко 7, Младеновски 7, Робев 3;
На „голем број“ на поени одиграа двете селекции во првите две четвртини од првата проверка во Белгрaд, макар што и двете ги доби полската селекција, првата со 28:25) а втората со нешто повисоки (27:21), доволно за водство од (55:46).
Разлика која Полска успеа да ја зголеми на двоцифрена во третиот дел од играта (74:62), и не ја испушти во последните десет минути од оваа прва проверка за нашата селекција во периодот од подготовките.
Натпревар во кој Ти-Џеј Шортс реализираше 18. поени, Ѓуроски имаше 15, а капитенот Стојановски уште 13.поени
По натпреварот во салата „Ранко Жеравица“ во Белград, селекторот Александар Јончевски ги сумираше впечатоците по првата „контрола“.
„Ова беше прв меч за нас. Имавме само неколку дена за да се подготвиме и да одиграме 'пет на пет' за разлика од Полска која се подготвува подолго време и неодамна се соочи и со репрезентацијата на Србија. Имавме добра енергија и бевме рамноправни во делови од натпреварот. Но имаше неколку моменти од кои се плашевме и истите се покажаа како најголем хендикеп во нашата игра, а тоа е скок играта.
На овој натпревар тие имаа вкупно 40 скока, 14 офанзивни, 16 повеќе од нас и таа бројка треба да е загрижувачка за нас. Промашивме и осум од осумнаесет слободни фрлања што е уште еден доказ дека не сме тотално подготвени.
Се надевам дека ќе се поправиме во овие сегменти и веќе на следниот дуел ќе бидеме во многу подобра ситуација.
Што се однесува до останатите сегменти, мислам дека функционираме задоволително и очекувам уште поголем напредок во следниот период. Се надевам дека дел од деталите ќе успееме да поправиме за вториот меч со Полска.
Позитивно од овој натпревар е тоа што момците имаа желба за надигрување иако на физички план можам да кажам дека бевме инфериорни на скоро секоја позиција. Тоа им го предочив на момците и на полувремето, дека противникот отскокнува од нас на тоа поле. Ги замолив, да се обидат да прикажат поголема борбеност, за да одговориме соодветно на репрезентација од ваков ранг“, рече Јончевски по натпреварот.
По кратко време за одмор, во недела на пладне, од 12.часот, на истото место ќе се игра и вториот натпревар, по што нашата експедиција се враќа во Скопје каде ќе ги одработи последните денови од подготовките пред заминувањето за Естонија, планирано за 10.август..