По завршувањето на првиот круг на европските квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023, како и првото квалификациско коло од Евробаскет 2025, ова лето на ред се претквалификациите, односно второто коло од Европската зона, во кои ќе ги добиеме четирите земји-учесници во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.
Шест национални селекции се приклучуваат во втората претквалификациска фаза за Евробаскетот 2025, односно оние кои по шест одиграни кола завршија како четвртопласирани од соодветните групи од квалификациите за Светското првенство 2023:
МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА, ХРВАТСКА, ПОЛСКА, ПОРТУГАЛИЈА, СЛОВАЧКА
И уште шест национални тимови се квалификуваа од првото коло од претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025. Поточно победниците на претквалификациските групи, плус двете второтпласирани со најдобар резултат, како и домаќинот на наредниот евро-шампионат:
АВСТРИЈА, РОМАНИЈА, ДАНСКА (сите победници во групи), ШВАЈЦАРИЈА, НОРВЕШКА (два најдобри второпласирани тимови), КИПАР (домаќин на ЕП 2025)
Согласно одлуката на Бордот на ФИБА Европа од 20 мај, во врска со измената на системот за натпреварување за претквалификациите на ФИБА 2025 (второ коло), составот на групите ќе биде следниот:
ГРУПА Д
СЛОВАЧКА
МАКЕДОНИЈА
Победник на групата претквалификации
Победник во не-група претквалификации
ГРУПА Е:
ХРВАТСКА
ПОЛСКА
Победник на групата претквалификации
Победник во не-група претквалификации
ГРУПА Ф
ПОРТУГАЛИЈА
БУГАРИЈА
Победник на групата претквалификации
Победник во не-групата претквалификации
Екипите од првото коло од претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 ќе бидат распределени во групите со ждрепка, а исто така, натпреварувачките броеви за сите тимови ќе бидат доделени на истиот начин на извлекувањето што ќе се одржи на 14. јули (четврток) во Минхен.
Што се однесува до системот за натпреварување, селекциите се поделени во три групи по четири учесници. Екипите ќе играат со другите тимови во група (дома и на гости) преку три т.н. „прозорци“, во август и ноември 2022, и февруари 2023 година.
Датуми за одигрување на ФИБА „прозорците“ се:
4. прозорец: 22-29. август 2022 година (со натпревари на 25.август-четврток, и 28. август-недела).
5. прозорец: 7-15. ноември 2022 година (со натпревари на 10.ноември-четврток, и 13. ноември-недела).
6. прозорец: 20-28. февруари 2023 година (со натпревари на 23.февруари-четврток и 26. февруари-недела).
Првопласираната репрезентација од секоја од трите групи, плус Кипар како домаќин на Евробаскет 2025, ќе заработи место во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.
Преостанатите тимови од второто коло од претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 ќе имаат шанса заедно со екипите од првото коло на претквалификациите за Евробаскетот 2025, да се натпреваруваат за преостанатите четири места во квалификациите за Еврошампионатот (дома и на гости во јули 2023 година), а извлекувањето на двојките за ретото коло ќе се одржи по завршувањето на вториот круг.