21.05.2021

Полуфиналната серија, односно дуелите на четирите екипи кои ќе го минат четвртфиналето, ќе стартува во среда, на 26. мај

Полуфиналето на плеј-офот почнува на 26.мај

Без оглед на резултатите на вечерашните средби, претходно, екипите кои се, односно кои веќе беа дел од плеј-офот, го прифатија календарот кој за доигрувањето го подготви комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.

Според прифатеното, првите натпревари во полуфиналната серија која ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“, во кои предност на домашен терен ќе имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ќе се играат на 26. мај (среда).

Наредниот, на теренот на послабоплaсираните екипи, е предвидени да се реализираат на 28. (петок), додека евентуалните трети натпревари на програмата се на 30. мај (недела), одново на теренот на екипите со повисок стартен број во доигрувањето.

Финалисти на плеј-офот ќе бидат двете екипи кои први ќе постигнат две победи во двете полуфинални серии.

ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

26.МАЈ

Пелистер - МЗТ Скопје Аеродром/Куманово 2009

Работнички - Еуро Никел 2005

28.МАЈ

МЗТ Скопје Аеродром/Куманово 2009 - Пелистер

Еуро Никел 2005 - Работнички

30. МАЈ (АКО БИДЕ ПОТРЕБНО)

Пелистер - МЗТ Скопје Аеродром/Куманово 2009

Работнички - Еуро Никел 2005