Паузата во натпреварувањата во сениорските и младинските лиги, Судиската комисија ќе ја искористи да го реализира и задолжителниот полусезонски семинар.
Ќе биде одржан на 13. јануари (сабота), а активностите ќе се одвиваат во конференциската сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од девет часот.
Присутните судии, делегати и делегат-контролори ќе бидат запознати со реализираните контроли во полусезоната кои ќе ги презентира Зоран Николовски и Блашко Клинчаров, членови на СККФСМ.
Свој осврт, однос анализа ќе има комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, додека нашиот ФИБА судија, Игор Митровски ќе одвои време за некои видео-ситуации од домашното првенство и протоколи за одредени ситуации.
РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕ НА СЕМИНАРОТ
13. ЈАНУАРИ (САБОТА)
- 09.00 – 09.55: Пристигнување и регистрација
- 10.00 – 10.20: Отворање на семинарот – Алија Феревски, Претседател СККФСМ
- 10.30 – 11.15: Осврт на контролите во полусезоната – Зоран Николовски, Блашко Клинчаров, членови на СККФСМ
- 11.30 – 12.15: Анализа на работата на делегатите во првата полусезона и очекувања од службените лица во втората полусезона – Александар Милојевиќ, комесар за натпреварување
- 12.15 – 12.55: Кафе пауза
- 13.00 – 14.00: Видео-ситуации од домашното првенство и протоколи за одредени ситуации – Игор Митровски, член на СККФСМ
- 14.00: Затворање на семинарот
*Локација: СЦ „Јане Сандански“ - Скопје (конференциска сала)