29.05.2018

Поместување на датумот за одржување на првиот 3х3 турнир од лигата на РМ

Спортскиот кошаркарски спектакл – турнирот „FIBA 3х3 Skopje City Mall 2k18“ ќе се одржи од 15 до 17 јуни, на катната гаража во Skopje City Mall.

Организаторите информираа дека терминот за одржување на настанот што претходно беше закажан од 1. до 3. јуни, е променет поради најавените поројни врнежи и лоши временски услови. Бидејќи настанот е предвидено да се одржува на отворено, лошите временски неприлики би ја оневозможиле неговата реализација на највисоко ниво.

Целосната програма и најавени активности ќе се одржат во новиот термин, а организаторите најавуваат вистински спортски спектакл кој никого нема да остави рамнодушен.

Се гледаме на баскет од 15 до 17 јуни, на 5то на катната гаража во Skopje City Mall!

 

 

*преземено од Скопје Сити Мол