15.05.2020

А претставниците во Европа ќе се бираат според резултатите од претходната сезона...

Поништена сезоната, нема шампион во Црна Гора!

Управниот Одбор на кошаркарската лига на Црна Гора соопшти дека ја поништил натпреварувачката сезона 2019/2020.

Како што се наведува во соопштението, „се поништуваат натпреварувањата во сите категории во сезоната 2019/2020 - резултатите се бришат“.

Правото за настап во меѓународните натпреварувања (ФИБА и АБА 2 лигата) клубовите ќе ги остварат на основ на пласманот од сезоната 2018/2019. Тоа значи дека во наредната сезона во втората регионална АБА лига ќе играат екипите на Сутјеска и Ловќен.

Во момент на прекин на првенството, Сутјеска беше лидер, додека Ловќен го делеше второто место со екипата на Ибар.

Кошаркарската федерација на Црна Гора остави можност за проширување на лигата, „во зависност од интересирањето на клубовите и финансиските можности, до 12. клубови“.

Критериумите за пополнување на лигата федерацијата ќе ги донесе на 60. дена пред почетокот на натпреварувањето.