28.04.2021

„Но мора да го заштитиме спортот“- вели Камил Новак, извршниот директор на европскиот дел од Светската кошаркарска федерација

Порака од ФИБА: „Отворени сме за соработка со Евролигата“

ФИБА е подготвена да соработува со Евролигата, се во интерес на зајакнувањето на спортот, вели извршниот директор на Светската кошаркарска федерација – ФИБА, за Европа.  

„Отворени сме за соработка, но мораме да го заштитиме спортот“ – истакнува Новак.

ФИБА и Евролига се во повеќегодишен спор и постојат одвоени натпреварувања, но Новак истакнува дека едно обединето и големо натпреварување би им помогнало многу, особено на клубовите во обидите да пронајдат спонзори.

„Без визија, спортот ќе престане да постои.Во овој момент на многу тимови им недостасува цврст план за иднината. Без иднина нема мотивација, па тимовите не може да пронајдат партнери кои би им помогнале. Надежта и визија ги туркаат тимовите да развиваат играчи, и играчи кои вредно би работеле во помалите клубови, секако, како би дошле до некој поголеми клубови“ - вели Новак.

Додава дека „секој спорт има свои врвни клубове”, но и тоа дека „на другите клубови им е потешко да дојдат до врвот”.

„ На нив им е потребен пат са надеж и со визија да пронајдат спонзори и играчи неопходни за постигнување нанивните цели. Навивачите не би сакале било што да му наштети на тоа натпреварување. Затоа пто тоа натпреварување е она што ги поттикнува да работат уште повеќе и да се усовршуваат. Тоа е она што навивачите го плаќаат“ – заклучува Новак.