25.08.2017

Пораз и од Украина

Нашите најмлади репрезентативци запишаа уште еден пораз во рамки на групната фаза од турнирот „Slovenia Ball“. Во четвртиот наш натпревар на овој турнир за кошаркари до 14 години, не порази селекцијата на Украина со што се стационираме на четвртата позиција во групата Б. Тоа ни ја носи третопласираната селекција од групата А како противник во утрешното разигрување за пласман од петтото до десеттото место.

Следен наш противник е Полска против која ќе се пресметаме утре (26. август) во 9:00 часот.

Натпреварот го отворивме без многу самодоверба, по високиот пораз од Хрватска, но ја одржувавме резултатската негатива на минимум. Во вториот дел противникот ја прочита нашата игра и со 15 поени повеќе го одлучи победникот во третиот период.

МАКЕДОНИЈА - Украина 72-84 (15-23, 23-22, 9-24, 25-13)

СТРЕЛЦИ

Трпески (3поени), Боцевски (10), Наумоски (15), Софронијевски (3), Петков (4), Кларица (4), Гацов (4), Наков (2), Ѓорѓевиќ (9), Богатиновски (2), Величковски (8), Митревски (8)