Женската јуниорска селекција на Македонија забележа пораз на првиот од двата контролни натпревари на гостувањето во Подгорица.
Вечерва, нашите јуниорки загубија од домашната селекција на Црна Гора со (41:74).
Младите Црногорки беа подобар ривал, го најавија тоа со предноста (19:6) која ја имаа уште во првата четвртина од овој контролен меч во салата „Бемакс“ во Подгорица.
До крајот на првото полувреме, домашната селекција имаше уште повисоки (41:14).
Нашата селекција, сериозно хендикепирана, со неиграњето на сестрите Начевски прикажа подобра игра во второто полувреме, особено во фазата на нападот, но Црна Гора ја задржа високата предност, и запиша победа на првата проверка на двете селекции во подготвителниот период.
Ива Колева со 12. поени беше најефикасниот играч во нашата јуниорска репрезентација на овој меч. Вториот се игра утре претпладне, со почеток од 10.30 часот, на истото место.
Покрај Колева, поени за нашата селекција реализираа уште: Николиќ 9, Трајковска 6, Ѓорѓевска 5, Груевска 3, а Џангаровска, Алексовска и Пашовска по два поени.