26.06.2023

Во софиска „Тријадица“, домашната селекција беше подобра за пет поени (51:46)

Пораз на јуниорките од Бугарија на последната „контрола“

ФОТО: bgbasket.com

Женската јуниорска репрезентација на Македонија забележа пораз на последната проверка пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое за некој ден започнува во Софија.

Токму по доаѓањето во главниот град на Бугарија нашата селекција „Под 18“ години одигра и контролен натпревар против соодветната репрезентација на домаќинот на евро-шампионатот.

Ибраничките на селекторот Јелена Антиќ имаа лошо прво и одлично второ полувреме, но на крајот останаа поразени во овој пријателски меч одигран во салата „Тријадица“.

БУГАРИЈА М18-ЖЕНИ – МАКЕДОНИЈА М18-ЖЕНИ 51:46

(16-6; 18-14; 9-17; 8-9)

Јуниорките на Бугарија почнаа со (10:4), на истекот на првата четвртина се стекнаа со двоцифрено водство (16:6), кое до полувремето го зголемија и на (34:20).

Но се беше многу поинаку, и доста подобро за нашата јуниорска селекција. Напите млади кошаркарки, предводени од Марија Николов, направија серија од (16-0), со која пред влезот во последната четвртина ја сведовме негативата на достижна. Во последните десет минути Бугарија водеше со (43:37).

На почеткот на четвртата четвртина бевме и во негатива од само три поени (43:46), но не успеавме да направиме комплетен резултатски пресврт.

Во овие последни 40 минути од периодот на подготовките селекторот Антиќ не сметаше на недоволно закрепнатата Модева, а не играше ниту Милованова.

Поентерски, со 15 поени се издвои токму Николов. Алексовска и Николиќ реализираа по седум поени, Начевска и Стоева имаа по шест. А Ѓуковиќ, во отсуство на нашиот, условно кажано, прв центар, Модева, собра дури десет топки под двата коша.

Македонија го стартува Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Софија на 30. јуни (петок), од 12.часот, за кога е закажан мечот од првото коло од групата „А“ во кој за противник ја имаме репрезентацијата на Холандија.