Јуниорската репрезентација во женска конкуренција го одигра својот втор натпревар на Европското првенство (дивизија Б) и запиша втор пораз, овој пат против Украина. Избраинчките на Анета Глигорова се мачеа цел период да влезат во ритам на игра, не успевајќи да постигнат ниту еден поен. Тоа се смени во вториот, кога игравме израмнето со Украинките, но негативата беше преголема за нејзино анулирање или евентуален пресврт. Во финишот славеше Украина со 48-77 (0-17, 17-20, 16-22, 15-17)
СТРЕЛЦИ
Белеска (3), Андонова (14), Џуговска (2), Митрева (2), Шеќероска (7), Кузмановска (6), Спировска (8)