Машката кадетска репрезентација на Македонија со пораз го започна мини-гостувањето во Тарговиште. Во првиот од двата планирани пријателски натпревари, домаќинот Бугарија беше подобар ривал и стигна до сигурна победа (69:55).
По релативно израмнетото прво полувреме во кое домаќините поведоа со (22:18), по првиот период, а слично беше и на полувремето, (36:30), нашите кадети попуштија во третиот дел од играта. Бугарија го доби тој дел од играта со високи (21:12), за високи и тешко достижни (57:42(.
Капитенот Марко Лукановски со дабл-дабл изразен со 15.поени и 12.скока беше најрасположениот играч во нашата селекција „Под 16“ години, која утре, изутрина од 10.часот по македонско време, на истото место, ќе одигра уште еднаш против своите врсници од Бугарија. .
МАКЕДОНИЈА: Поповиќ 2 (4ск), Петрушевски 0 (3ск), Трпеновски 0 (1ск,1ас), Јаничиќ 6 (2ск,1ас), Величковски 7 (4ск), Трајанов 2 (1ск), Стојковиќ 9 (6ск,2ас), Зетов 8 (3ск,3ас), Стојановски 0, Кириловски 5 (6ск), Лазарев 0, Лукановски 15 (12ск,2ас), Димевски 0, Марјановиќ 1 (2ск);