Пораз на кадетките од Израел - КФСМ
21.07.2017

Пораз на кадетките од Израел

Нашата кадетска репрезентација го запиша првиот пораз на домашен терен во рамки на подготвителниот период. Избраничките на Стојна Вангеловска си ги одмерија силите против кошаркарките од Израел, беа доминантни на паркетот во првиот дел од натпреварот, но брзата транзиција на противникот ни беше најголем непријател на овој натпревар. Во финишот, Израел славеше со 63-71 (16-16, 18-17, 13-15, 16-23).

Вториот меѓусебен натпревар двете селекции ќе го одиграат утре, во малата сала на „Кале“ со почеток од 20:00 часот.

СТРЕЛЦИ
Димитријевиќ (7 поени), Тасевска (1), Плакај (10), Николиќ (20), Митрева (20), Устијанова (3), Селцова (3), Атанасовска (2), Кошобашиоска (6)