Женската селекција на Македоннија „Под 20“ години со пораз го отвори двомечот против соодветната селекција на Црна Гора.
Во Подгорица, Црногорките беа доста подобар ривал, и стигнаа до убедлив триумф од (80:50).
По релативно израмнетата прва четвртина, домашната селекција „се одвои“ во втората. До полувремето црногорските младинки се стекнаа со висока предност од (39:18), која во продолжението само ја зголемуваа и стигнаа до убедлива победа.
Селекторот Јелена Антиќ им даде шанса на сите кошаркарки, а до двоцифрен број на поени стигнаа Тасевска, која реализира 11, и Секуловска, реализатор на десет поени, додека Атанасовска имаше еден помалку.
Двете репрезентации, утре попладне, во исто време 17.30 часот, ќе одиграат уште еден натпревар, на истото место, салата „Бемакс“ во Подгорица.
ЦРНА ГОРА (У20) – МАКЕДОНИЈА (У20) 80:50
(15-9; 24-9; 26-16; 15-16)
ЦРНА ГОРА: Баошиќ 15 Радоњиќ 12, Биговиќ 3, Вукчевиќ 0, Вујачиќ 1, Павичевиќ 3, Илиќ 0, М. Биговиќ 6, Радоњиќ 2, Савковиќ 12, Булајиќ 4, Дробњак 5, Шчепановиќ 3, Лековиќ 14
МАКЕДОНИЈА: Игњатова 0, Салиу 0, Алексовска 2, Тасевска 11 (4ск,1ас), Димитријевиќ 4 (7ск,2ас), Зафировска 2 (2ск), Максимовска 7 (1ск), Граматикова 0, Секуловска 10 (5ск,1ас), Стојанова 5 (4ск,1ас), Атанасовска 9 (3ск,4ас);