Женската селекција на Макеодниај за кошаркарки „Под 18“ години забележа пораз на првиот контролен натпревар во подготвителниот период.
На првата од двете „контроли“ закажани во Бужим, домашната јуниорска селекција славеше сигирен триумф.
БИХ (У18) – МАКЕДОНИЈА (У18) 89:66
На овој прв контролен меч во периодот на подготовките, избраничките на селекторот Горан Крстевски имаа „отворање“ на мечот кое не го посакуваа. Уште во воведните десет минути противничката селекција обезбеди висока предност од (29:12).
Најдобар период од оваа проверка за девојките во „црвено-жолта“ комбинација беше вториот во кој се ослободија од оној почетен грч, ја добија четвртината со (22:16), и на полувремето резултатот глаеше (45:34) во корист на селекцијата на БиХ.
Домашната селекција ги доби и наредните две чќетвртини и стигна до висок триумф.
„Мечот го отворивме лошо и речиси го загубивме веќе во првата четвртина. Следеа триесет минути во кои го ‘бркавме’ резултатот, стигнавме до минус од седум поени, но повеќе не можевме ништо да сториме“- коментира селекторот Крстевски по оваа проверка, и додава: „Интересно е што потфрлија поискусните девојки во тимот од кои се очекува да го понесат товарот на Европското првенство во Романија, а мечот ‘го вратија во живот’ девојките родени 2009/10 кои одиграа без респект кон повозрасните кошаркарки на БиХ“.
Инаку, најефикасни кошаркарки во нашиот тим беа Сарафилоска, Колева и Ангеловска кои реализираа по 10 поени, додека Пислевска дојде до бројката од девет поени.
Утре на пладне, (12.часот), двете селекции на БиХ и на Македонија ќе одиграат уште еден контролен натпревар.